Повратникот во Премиерлигата Лидс Јунајтед подготвува понуда вредна 15 милиони евра за привлекување на италијанскиот репрезентативец Алесандро Флоренци, пренесуваат медиумите во Англија.
29-годишниот крилен играч Флоренци, кој потекнува од школата на Рома и има 280 натпревари за својот матичен клуб, не е дел од плановите на тренот на оваа екипа Пауло Фонсека, а во пролетта играше на позајмица во шпанска Валенсија, во чии редови одигра 14 натпревари.
Договорот за позајмица на играчот на „Местаља“ е истечен и тој се враќа во Рома, но од овој клуб с еподготвени да ги примат и разгледаат сите понуди за него.