УЕФА на својата веб-страница ги објави имињата на судиите кои ќе го водат реванш натпреварите од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, закажани за 7 август.
Натпреварот Манчестер Сити – Реал Мадрид ќе го суди Феликс Брих. Асистенти ќе му бидат Марк Борш и Стефан Луп.
Германски судии ќе ја делат правдата и на средбата Јувентус – Олимпик Лион. Феликс Цвајер беше назначен за главен судија на оваа средба. На него ќе му помагаат Торстен Шифнер и Марко Ахмилер.
Натпреварот Манчестер Сити – Реал Мадрид ќе се одигра во Манчестер, додека Јувентус и Лион ќе играат во Торино. Двете средби ќе започнат во 21:00 часот, на 7 август.