Капитенот на Барса, Лионел Меси, им се приклучи на големиот број фудбалски лица кои по пат на социјалните мрежи и преку медиумите, му испратија пораки на легендарниот голман на Шпанија, Икер Касилјас, кој од вчера замина во фудбалска пензија.
„Икер заминува во пензија, но, тој влезе многу одамна во историјата Тој е икона на шпанскиот фудбал, успеа да освои буквално се на меѓунардната сцена“ – вели Аргентинецот.
„Беше спектакулаен голман и човек, беше голем противник и фудбалски џентлмен“ – потенцирал меѓу другото Меси за каталонските медиуми.