На стадионот „Етихад“ во Манчестер се игра реваншот меѓу домашнниот тим на Манчестер Сити и Реал Мадрид како дел од 1/8 финалето од Лигата на шампионите.
После петмесечна пауза, овие два тима кои пред почетокот на ЛШ важеа за главни фаворити за титулата ќе треба да одлучат во оваа пресметка , кој тим ќе сонува за трофејот оваа сезона. „Граѓаните“ го добија првиот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ со 2:1 и го направија првиот чекор кон пласман во следната фаза. Сепак, Реал Мадрид е најуспешниот тим во Лигата на шампионите и повеќе од еднаш се нашол во слични тешки ситуации, од кои успеа да се извлечеа. Сега фудбалерите на Зинедин Зидан ќе мора да направат уште еден голем подвиг.
Манчестер Сити покажа одлична форма на крајот на сезоната во Премиер лигата. Фудбалерите на Пеп Гвардиола забележаа 8 победи и 2 порази по продолжувањето на натпреварите во шампионатот на Англија, а многу од нивните победи беа со импресивни резултати, вклучително и 4:0 над шампионот Ливерпул.
Сепак, Реал е во уште подобра форма. Серија од 10 последователни победи му ја донесоа шампионската титула во Ла Лига, а само во последното коло си дозволија да се одморат и да одиграат 2:2 со Легањес, но тогаш веќе знаеја дека го имаат обезбедено шампионскиот трофеј. Така, тие се инспирирани да ги одиграта своие најдобри минути оваа сезона во нивното омилено натпреварување.
Реал Мадрид не треба да се отпишува од многу причини. Тимот ги победи своите последните 7 натпревари како гостин во 1/8 финалето на Лигата на шампионите. Покрај тоа, Шпанците ги елиминираа англиските екипи 8 пати во елиминационите натпревари од 12 вакви пресметки. Еден од тие тимови беше и Манчестер Сити во полуфиналето во 2016 година.
Од друга страна, Реал само еднаш во историјата успеа да продолжи понатаму откако го загуби првиот натпревар на домашен терен. Тоа се случи уште во 1971 година за КПК против Вакер (Инсбрук) (0:1 и 2:0).
Домаќините денес ќе бидат без нивниот повреден голгетер Серхио Агуеро, како и без Бенжамин Менди.
Во исто време, Зинедин Зидан не може да го искористи казнетиот Серхио Рамос, ниту заразениот од коравируст Маријано Дијаз. Во прашање е и учеството на Марсело, кој има проблем со ногата.
Веројатни состави:
Манчестер Сити: Едерсон, Волкер, Фернандињо, Лапорт, Кансело, Де Брујне, Родри, Гундоган, Марез, Жесус и Стирлинг.
Реал Мадрид: Куртоа, Карвахал, Варан, Милитао, Менди, Каземиро, Крос, Модриќ, Винисиус, Азар и Бензема
Судија: Феликс Брих (Германија)