Тренерот на Челзи, Френк Лампард, ги сподели своите очекувања за реваншот против Баерн во 1/8 финалето во Лигата на шампионите.
Да потсетиме дека првата средба заврши со победа на германскиот тим со резултат 3:0.
„Верувам дека можеме да постигнеме три гола. Во спротивно, не би биле тука. Ние мора да веруваме дека можеме да ја надоместиме негативата. Ова е она во кое играчите мора да веруваат за да се борат на теренот. Нема сомнение дека ова е многу тешка цел. Ќе биде исклучително тешко, но историјата знае натпревари кога се случувале големи пресврти. Ние мора да веруваме дека имаме можност да направиме нешто посебно. Мора да му пристапиме на натпреварот со правилен став, да дадеме се на терен и да дејствуваме самоуверено. Ова е она што го очекувам од моите момци“, изјави на прес-конференцијата тренерот на лондонскиот тим, Френк Лампард.