Играчот од средниот ред на Челзи Нголо Канте вечерва ќе игра за својата екипа против Баерн Минхен, најави менаџерот на лондончаните Франк Лампард, кој, сепак, нема да може да ги користи Сезар Аспиликуета, Кристијан Пулишиќ и Педро.
Тие се повредија во финалето на ФА Купот против Арсенал. Челзи има негатива од 0:3, а тоа значи и дека е тешка задачата на фудбалерите на Челзи на вечерашниот натпревар.
„Не можам да кажам дека ќе бидеме агресивни и ќе напаѓаме нон-стоп. Само сакам да ја играме играта како што треба. Кога ќе се сретнете со тим толку добар како Баерн, мора да играте добро во текот на целиот натпревар. Не го сторивме тоа во Лондон и затоа сега заостануваме во резултатот“, рече Лампард.