Борусија (Дортмунд) направи уште еден обид да го задржи Џејдон Санчо со тоа што му понуди нов, уште попрофитабилен договор, тврди „Билд“.
Англискиот интернационалец е трансферна цел број 1 на Манчестер Јунајтед, но „Олд Трафорд“ продолжува да одолговлекуваат и не сакаат да платат скоро 120 милиони евра што ги бараат Германците. За само два дена истекува рокот што му го даде Дортмунд на Јунајтед за договорот.
Патем, Санчо во моментов има најголема плата во Борусија – 210.000 евра неделно, а понудата на клубот е да ја зголеми на 285.000 евра. Сепак, ова е помалку од она што му го понуди Манчестер Јунајтед, а тоа е скоро 390 000 евра неделно.
Според информациите, самиот офанзивен играч веќе долго време е договорен за неговите лични услови со тимот од Премиер Лигата, но останува да се постигне договор меѓу клубовите.