Дефанзивецот на Јувентус Матијас Де Лихт, мораше да прави операција на рамото, кое му правеше проблеми во текот на изминатата сезона.
Холанѓанецот донесе одклука истата да ја направи веднаш по завршувањето на обврските за својот клуб од сезоната која штотуку заврши за „старата дама“. По операцијата која помина успешно сооштено е дека заздравувањето ќе трае во наредните три месеци, што значи дека ќе биде надвор од фудбалските терени некаде до ноември. Ова значи дека 20-годишниот фудбалер ќе го пропушти почетокот на новата сезона во Серија А. но и неколку натпревари на Холандија во новата сезона од Лигата на Нации.
Јувентус успеа да го освои Скудетото деветта година по ред, но имаше неуспех во Лигата на шампионите со елиминација во осминафинале и пораз во финалето на Купот на Италија.