Шкендија, Шкупи и Ренова, трите македонски претставници во квалификациите за Лигата на Европа, ги добија противниците во 1. квалификациско коло.
Од сите три само Шкендија беше меѓу носителите, додека Шкупи и Ренова беа меѓу неносителите поради слабиот европски коефициент низ годините. Ждрепката сакаше Шкендија како носител да игра со Сумгаит (Азербејџан), Шкупи да игра со Нефчи од Азербејџан, а Ренова да се соочи со ерменскиот тим Алашкерт,
Исто како и во Лигата на шампионите, во оваа рунда од Лигата на Европа ќе се игра само по еден натпревар за да се забрза темпото и да се комплетираат групите побрзо. Натпреварите од 1. квалификациска рунда на Лига Европа ќе се играат на 20 август.

