Само два тима кои се дел од четвртфиналето во Лигата на шампионите го имаат освоено пехарот во ова натпреварување.
Само Баерн (Минхен) и Барселона имаат почувствувано како е да се подигне пехарот во Лигата на шампионите. Манчестер Сити, Олимпик Лион, Атлетико Мадрид, РБ Лајпциг, ПСЖ и Аталанта никогаш не го кренале трофејот. Најблиску до него беше Атлетико Мадрид, кој загуби три финалиња. Манчестер Сити и Олимпик Лион стигнаа до полуфиналето само еднаш. Најдоброто достигнување на ПСЖ досега е четвртфиналето. Аталанта и РБ Лајпциг се најнеискусни во ова натпреварување.
Барселона и Баерн имаат по пет трофеи. Двете екипи се среќаваат во четвртфиналето, што значи дека во најдобрите 4 ќе има само една екипа која го освоила трофејот.