Тренерот на Интер, Антонио Конте направи анализа на четвртфиналниот натпревар од Лигата на Европа со Баер Леверкузен (2:1).
„Ние сме многу среќни затоа што беше многу добар нашиот настап. Ние се подготвивме правилно за оваа средба, никогаш не дозволивме Баер да ја контролира топката, го реализиравме она што работевме на тренинзи. Како што секогаш велам, можевме да ја убиеме играта порано и малку да се опуштиме. Не дозволивме многу шанси во нашиот шеснаесетник, но факт е дека ние самите имавме доволно шанси да постигнеме повеќе од два гола. Момците покажаа колку се „гладни“, колку се решени да докажат дека она што го прават е важно. Имаме можност да играме во полуфиналето на Лигата на Европа, сега можеме да бидеме задоволни, но утре треба да започнеме со подготовки за полуфиналето. Ние сакаме да извлечеме максимум од ова. Сакаме да стигнеме до целтта, а тоа е трофејот “, изјави Конте.