Перуанскиот напаѓач Џеферсон Фарфан може да ја продолжи кариера во МЛС лигата.
Според информациите кои беа објавени следната дестинација на Фарфан може да биде Интер Мајами, клуб кој е сопственост на Дејвид Бекам, и кој покажуваат интерес за играчот. Не е исклучена можноста Фарфан да стане фудбалер и на бразилскиот Интернационал.
Да потсетиме дека на 5 август Локомотив Москва го најави заминувањето на Фарфан, кој сега е слободен агент.
Фарфан играше за Локомотив Москва од 2017 година, одигра 51 натпревар и постигна 20 гола. Како дел од оваа екипа е шампион на Русија (сезона 2017/2018), победник на Купот (сезона 2016/2017, 2018/2019) и Суперкупот на земјата (2019).
Фарфан поради повреда Фарфан не играше за Локомотив 14 месеци. Во сезоната 2019/20, 35-годишниот перуански фудбалер учествуваше на 2 натпревари од руското првенство и постигна 1 гол.