Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер го анализираше мечот кој неговиот тим го доби по продолжение против ФК Копенхаге, од четвртфиналето на Лига Европа со (1:0).
„Оваа сезона по трет пат сме во полуфиналето. Дојдовме до оваа фаза на сите турнири во кои учествувавме. Денес голманот на Копенхаген одигра одличен натпревар. Покрај тоа, ние успеавме да постигнеме гол и да победиме.
Полуфиналето ? Ќе биде одличен натпревар во секој случај. Имаме целосни информации за Вулверхемптон, а Севиља е импресивна. Стигнавме до третото полуфинале од сезоната и сега сакаме да стигнеме до финалето“, изјави Солскјер за официјалната веб-страница на УЕФА.
Во Манчестер Јунајтед вечерва со внимание ќе го следат дуелот меѓу Вулверхемтон и Севиља, затоа што меѓу овие две екипи е нивниот противник во полуфиналето.

