Реал Мадрид во новата сезона ќе смета на уште еден младиот играч од средниот ред Мартин Едегард, кој беше префрлен во Реал Сосиедад за време на последната сезона, пренесува „АС“.
Минатото лето, двата клуба се согласија да го позајмат за 1+1 година, но сега Зинедин Зидан реши да ја искористи опцијата за враќање на талентот. Тренерот е импресиониран од развојот на 21-годишниот норвешки репрезентативец и реши да му даде шанса да се бори за настап во првиот тим.
Едегард е во сопственост на шпанскиот шампион веќе пет години, но овој период настапуваше за екипите на Херенвен и Витесе во Холандија.