Идниот добитник на „Златната копачка“, Чиро Имобиле, објави дека е решен да остане во Лацио. Напаѓачот го бараат многу клубови откако постигна 36 гола во Серија А – најмногу од сите во Европа.
„Планирам да се посветам на Лацио засекогаш“, рече Имобиле. „Ќе го обновам мојот договор со уште три сезони – до 2025 година, кога ќе наполнам 35 години“ рече Имобиле.
Играчот го откри името на еден од кандидатите за него: „Додека се зборуваше за можна промена на сопственоста на Њукасл, тие го повикаа мојот агент. Исто така знам дека го бараа италијански тренер – Лучијано Спалети или Масимилијано Алегри“ додаде Имобиле.
Инаку, Имобиле призна дека го сака родниот град Неапол, но нема да се пресели во Наполи.
„Пред да дојдам на Олимпико, честопати бев во контакт со Наполи, но од една или друга причина не се разбиравме едни со други. Роден сум таму, секогаш ги гледам настапите на тимот со интерес, но она што Лацио ми го даде досега и продолжува да ми го дава е непроценливо“, заклучи Чиро Имобиле.