Стратегот на клупата на ПСЖ, Томас Тухел, очекува тежок натпревар против Аталанта на отворањето на завршниот Ф8 турнир во Лигата на шампионите.
„Аталанта игра агресивен и напаѓачки фудбал. Очекувам тежок меч од тактички и психолошки аспект. Се надевам дека ќе најдеме начин како да победиме“ – вели тренерот на Французите со напомена дека Нејмар е подготвен да го издржи притисокот.
„Тој ги сака големите натпревари. Верувам дека Нејмар ќе има одличен перформанс бидејќи е подготвен за големите мечеви“ – вели Тухел.