Фудбалерот од средниот ред на Шахтјор, Тајсон, постави рекорд во Лигата на Европа откако и во седмата сезона успеа да постигне погодок.
Триесет и двегодишниот интернационалец од Јужна Америка доцна синоќа стрелаше успешно во мрежата на Базел во рамките на 1 /4 финалето а неговиот тим на крајот победи со убедливи 4-1. Претходно, тројца играчи успеаа да постигнат гол во шест сезони. Тоа се: Александар Лаказет, Џермејн Ленс и Ари.
Бразилецот кој настапува за украинскиот тим од 2013 година токму на вчерашниот меч го постигна првиот гол во тековнава сезона во Лигата на Европа.

