Тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер доколку не успее да го ангажира Санчо од Борусија Дортмунд, тогаш ќе се обиде да го купи фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле, велат последните информации од Англија.
23-годишниот играч од Франција кој има активен договор со Каталонците за уште две години, не се појавил на теренот од изминатиот ноември. Тој во меѓу време беше подложен на операција откако заработи потешка повреда.
Медиумите нагласуваат дека Норвежанецот размислува и за други опции за да ги засили „црвените ѓаволи“. Тука се споменуваат имињата на Кингли Коман од Баерн Минхен и Даглас Коста од Јувентус.