Само ден откако беше потврдено дека Филип Најдовски ќе го напушти Вардар, тој денес стави потпис на договор со албанската екипа Тирана.

Дефанзивниот фудбалер за врска се обврза на договор од две години со шампионот на Албанија. Во оваа екипа пред само неколку дена се опресели уште еден вардарец, Кристија Тошевски. Клубот од Тирана во моментов е предводен од нигерискиот тренер Ндгуиси Едбо, а главно е составен од домашни фудбалери, но сега ќе имаат и двајцата македонци кои ќе бидат дел од шесте странци.
Во минатата сезона Тирана ја освои титулата во Албанија, па оваа сезона ќе игра во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите, а противник ќе им биде Динамо Тбилиси.

