Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел беше воодушевен од пласманот на својата екипа во полуфиналето на Лигата на шампионите. Французите ја совладаа Аталанта многу тешко со 2:1 во четвртфиналето.
Ова се случи на 50-тиот роденден на клубот. Затоа, германскиот тренер рече дека ова ќе остане запаметен ден во историја на клубот.
„Денеска е 50-ти роденден на клубот, па добро е што направивме успех на ваков историски датум, откако веќе оваа сезона веќе освоивме четири трофеи, а веќе сме во полуфиналето … Сигурно нема да го заборавиме овој ден “, рече Тухел.
Тој верува дека неговиот тим постигнал успех сосема заслужено со оглед на тоа што го покажа за време на натпреварот.
„Во ниту еден момент не мислев дека не можеме да постигнеме гол. Јас дури и му реков на мојот асистент веднаш штом изедначивме дека ќе постигнеме втор гол. Одигравме многу, многу добар натпревар и нашиот пласман е заслужен. Секако треба да се има доза на среќа, но ако го гледавте целиот натпревар, знаете дека заслуживме да победиме. Бевме во целосна контрола на настаните во второто полувреме, го пронајдовме нашиот ритам, а играчите кои влегоа како резерви направија разлика. Успехот дојде благодарение на менталитетот на овој тим“, рече Тухел.