Предводникот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини не го криеше своето разочарување по поразот од ПСЖ во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Ова се случи на многу болен начин за Италијанците, кои дозволија да им биде направен пресврт на крајот од натпреварот. Тренерот призна дека таков пораз многу боли.
„Најмногу жалам што бевме толку блиску и мислевме дека ќе направиме нешто неверојатно. Сепак, останува радоста на она што го постигнавме досега во Лигата на шампионите. Постојано се развиваме и играме рамноправно со најдобрите тимови во Европа. Можам само да имсе заблагодарам на момците за сè што направивме оваа сезона. Ние сме разочарани затоа што бевме толку блиску. Но, противникот има некои од најдобрите играчи во светот. Мбапе и Нејмар во еден момент му дадоа поттик на својот тим. Ние дадовме се од себе на крајот на тешкиот и исцрпувачки период на натпревари, така што можам да му се заблагодарам на тимот”, рече Гасперини.
„Лигата на шампионите е многу посебен турнир. Се сеќавам на зборовите на Жозе Мурињо, кој рече пред извесно време дека ова е турнир со детали. Деталите прават разлика кога натпреварите се толку рамноправни. Сепак, ние водевме до 90-та минута. Токму тие мали детали се случија во самиот финиш на натпреварот“ заврши Гасперини.