Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар откри дека во ниту еден момент не помислувал дека неговиот тим може да испадне од Аталанта во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Францускиот шампион беше во негатива до 90-та минута, но успеа да направи пресврт и да стигне до полуфиналето.
„Никогаш не размислував дека ќе испаднеме. Ништо не може да ме натера да мислам дека нема да играме во финалето. Беше тешко, но ние сме одличен тим и вистинско семејство. Невозможно беше да се замисли дека ќе испаднеме во оваа фаза” рече Нејмар.
ПСЖ е првпат по 25 години во полуфиналето на Лигата на шампионите. Во следната фаза го чекаат победникот од натпреварот помеѓу РБ Лајпциг и Атлетико Мадрид кој што се игра вечерва.

