Вечерва е вториот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите. РБ Лајпциг и Атлетико Мадрид се соочуваат еден против друг, а мечот ќе се игра на „Жoзе Алваладе“ во Лисабон. Како што е познато, натпреварите во оваа фаза се решени на еден натпревар, така што можеме да очекуваме многу интересен дуела на овие два тима.
Атлетико Мадрид на хартија е фаворит. „Јорганџиите“ го елиминираа победникот на ЛШ од минатата сезона Ливерпул во 1/8 финалето и покажаа дека ќе бидат сериозен фактор во ЛШ оваа сезона, дури нивната цел е титула. Ждребката беше исто така поволна бидејќи ги избегнаа големите фаворити, но РБ Лајпциг воопшто не треба да се потценува.
Германците покажаа прилично солидна игра во ова натпреварување, прво победувајќи во нивната група „Г“ и потоа без многу напор го елиминираа ланскиот финалист Тотенхем. Јулиан Нагелсман има добро екипиран тим и ќе направи се што е во негова моќ да им ги замрси сметките на нивниот вечерашен противник.
Сепак, Атлетико има причина да се чувствува како фаворит. Ова е 5-то четвртфинале за екипата во Лигата на шампионите во последните седум сезони, додека РБ Лајпциг за прв пат ќе игра во оваа фаза. Покрај тоа, Атлетико Мадрид е во одлична серија од 18 натпревари без пораз. Атлетико никогаш не беше елиминиран во нок-аут фаза од германски клуб во Лигата на шампионите. Тие сепак имаа неуспех во ерата на КЕШ, кога во финалето во 1974 година загубија од Баерн Минхен.
Голем проблем за РБ Лајпциг ќе биде неиграњето на главната ѕвезда на екипата Тимо Вернер, кој беше продаден во Челзи. Марсел Халстенберг во последните денови имаше проблем со грбот, но тој сега е подобар и ќе му биде на располагање на Нагелсман.
Атлетико нема да може да смета на Анхел Кореја и Шиме Варсаљко, кои беа позитивни на Ковид-19. И двајцата се ставени во карантин и нема да бидат достапни за Диего Симеоне. Сите други играчи се здрави и ќе можат да учествуваат во натпреварот.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/4 финале:
РБ Лајпциг – Атлетико Мадрид
Можни состави:
Лајпциг: Гулачи, Клостерман, Упамекано, Халстенберг, Мукиеле, Лајмер, Забицер, Анхелино, Нкунку, Олмо и Шик
Атлетико Мадрид: Облак, Трипиер, Савиќ, Хименез, Лоди, Јоренте, Парти, Саул, Коке, Феликс и Коста
Стадион: Жозе Алвеладе, Лисабон
Судија: Шимон Марчињак (Полска)
Почеток: 21:00 часот