РБ Лајпциг доцна синоќа успеа да го совлада Атлетико Мадрид со 2-1 и да си обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи во Лигата на фудбалските шампиони.
Шпанците на хартија ја имаа улогата на фаворити, но, составот од Бундес-лигата одигра одличен меч и за прв пат во историјата дојде на еден чекор до големото финале. По средбата тренерот на поразениот тим, Диего Симеоне, призна дека противникот бил подобар.
„Беше тешко да ги добиеме дуелите на теренот. Тие беа побрзи и посилни. Имавме тешка сезона и не успеавме да направиме се како што сакавме. Честитки за Лајпциг“ – изјави Симеоне по мечот.

