Поранешниот фудбалер на Барселона, Арда Туран, вели дека Лионел Меси е најголемиот фудбалер во историјата иако според многумина тоа признание му се доделува на Кристијано Роналдо.
„Меси може да ја диктира играта од секој аспект. За Роналдо нема што лошо да се каже, но, тој е само стрелец на голови. Меси прави работи кои не можеш да ги замислиш. Има интелигенција, визија и страст“ – вели Туран.
„Сите со кои сум зборувал се согласуваат освен луѓето кои се блиски со Роналдо. Според мене, Меси е убедливо најдобар“ – потенцира некогашниот играч на Каталонците.