Бразилскиот напаѓач во редовите на Шахтјор Доњецк, Таисон може да се пресели во Аталанта, пренесува „Газета дело Спорт“.
32-годишниот напаѓач е една од трансферните цели на екипата од Бергамо и покрај неговата возраст. Таисон, кој се истакна во четвртфиналниот натпревар во Лигата на Европа со швајцарскиот Базел (4:1), постави нов рекорд, се запиша во листата на стрелци во седмата сезона во Лигата на Европа.
Претходно, тројца играчи успеаја да постигнат гол во шест сезони на ова натпреварување, станува збор за францускиот напаѓач Александар Лаказет, кој сега игра за Арсенал, Холанѓанецот Ленс (сега игра за Бешикташ) и напаѓачот на Краснодар и руската репрезентација Ари.
Таисон игра за Шахтјор од 2013 година, се пресели во Доњецк од Металист Харков. Како дел од оваа екипа, Таисон стана шампион на Украина шест пати и го освои Купот на земјата пет пати.

