Лондонски Арсенал и официјално преку социјалните мрежи му посака добредојде на својот нов фудбалер, Бразилецот Вилијан кој од Челзи се сели во Арсенал.
Вилијан го заврши својот договор со „сините“ , но не потпиша нов договор и одлучи да го смени клубот, но не и градот. Останува во Лондон, но овој пат во „црвено-белиот“ дел на овој град.
„Нов клуб, нови бои, нови почетоци – Добредојде во Арсенал, Вилијан ! “
Со оваа порака од Арсенал му посакаа добредојде на својот нов фудбалер кој според одредени извори во Англија ќе добива по 220.000 фунти неделна плата во својот нов клуб.

