Тренерот на Барселона, Кике Сетиен, најверојатно ќе биде отпуштен веќе во понеделник.
Според каталонското радио RAC1, претседателот на Каталонците Бартомеу свика итен состанок на управниот одбор на првиот ден од следната недела. Бартомеу ја разгледува можноста за одржување предвремени претседателски избори. Во принцип, тие треба да се случат следната година, кога истекува мандатот на сегашниот претседател, кој ја презеде функцијата во 2014 година.
На оваа тема ќе се дискутира и на вонредниот состанок во понеделник. Најавено е дека заедно со Кике Сетијен отказ ќе добие и спортскиот директор Ерик Абидал.