Медиумите на Островот тврдат дека раководството на Милан не е подготвен да даде повеќе од 13 милиони фунти за Серж Орие.
„Спарси“ поставија цена од 20 милиони фунти за играчот. „Росонерите“ веќе подолго време ги следат настапите на 27-годишниот интернационалец од Брегот на Слоновата Коска. Во сезоната 2019/20, Орие одигра 42 натпревари за Тотенхем, постигнувајќи 2 гола и 8 асистенции.
Според „Transfermarkt.com“ неговата вредност се проценуува на 14,4 милиони фунти.