Севиља успеа да победи во полуфиналниот натпревар од Лигата на Европа со Манчестер Јунајтед, што се одогра вчера во Келн на стадионот Рајн-Енерџи (2:1).
Непобедливата серија на шпанскиот тим се зголеми на 20 натпревари. Така, Севиља го подобри клупскиот рекорд според овој индикатор. Претходното достигнување – 19 средби без пораз беше на 11 август по победничкиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на Европа со Вулверхемптон (1:0).
Последен пат Севиља загуби на гостувањето кај Селта Виго во Ла Лига на 9.февруари.
Во финалето на Лигата на Европа, Севиља ќе се соочи со победникот на дуелот меѓу Интер и Шахтјор Доњецк, што ќе се одигра вечерва, а финалниот натпревар е на проограмата на 21 август.