Голманот на ПСЖ, Кејлор Навас, ќе го пропушти натпреварот со германскиот РБ Лајпциг од полуфиналето на Лигата на шампионите, јавува „Марка“.
Голманот на францускиот тим има истегнување на десниот бутен мускул. Повредата ја заработи за време на натпреварот со Аталанта, кој го доби неговата екипа со 2:1.
Поради ова, Навас мораше да го напушти теренот и беше заменет со Серхио Рико. Голманот има 34 натпревари за ПСЖ оваа сезона, во кои прими 25 гола.
Натпреварот меѓу ПСЖ и РБ Лајпциг се игра утре (вторник) со почеток во 21 часот во Лисабон.