Фудбалскиот ветеран, Давид Силва, откако го напушти Манчестер Сити се врати во татковината и во наредните две години ќе ги брани боите на Реал Сосиедат.
Иако се очекуваше Шпанецот да се пресели во Италија во редовите на „лацијалите“, тој изненадувачки се определи да се врати на Пиринеите во тимот од Баскија. Силва пред да замине кај „граѓаните“ во 2010 година, настапуваше за Валенсија. За екипата од „Месталја“ има одиграно 160 мечеви.
34-годишниот ветеран ќе биде одлично засилување за Реал Сосиедат и практично ќе ја покрие празнината по враќањето на Одегард во Реал Мадрид.