Дефанзивецот на Ливерпул, Неко Вилијамс, потпиша долгорочен договор со клубот чии бои ги брани. 19-годишниот имаше одлични натпревари минатата сезона, вкупно шест, кои беа доволни за да добие медал за титулата во Премиер лигата.
„Едноставно, ова е тоа што го посакував. Само кога сфатив дека ќе има нов договор, не размислував и веднаш го ставив својот потпис. Сакам да останам тука, да се подобрам и да работам со тимот. Имаме некои од најдобрите играчи на светот и ние сме една од најдобрите екипи на планетата“, изјавил Вилијамс по потпишувањето на договорот.