Поранешниот менаџер на лондонски Арсенал, Арсен Венгер, е најверојатниот заменик за Роналд Куман на кормилото на репрезентацијата на Холандија, доколку Барселона успее да постигне договор со Куман, тој да го налседи Сетиен на тренерското место кај Каталонците.
Според изворот, Венгер веќе се пријавил во Холандската фудбалска асоцијација и најавил подготвеност да го замени Роналд Куман, кој најверојатно ќе ја предводи Барселона. Претходно беше објавено дека Венгер одби да ја преземе функцијата тренер на каталонскиот клуб.
Во ноември минатата година, Венгер ја презеде функцијата шеф на одделот на ФИФА за глобален развој на фудбалот. Французинот беше менаџер на Арсенал од 1996 до 2018 година.