Изминатите недели италијанските медиуми го најавуваа, а веќе по завршувањето на тековната сезона, дојде и до реализација на оваа најава.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас и официјално го продолжил договорот со клубот од Неапол. Во кусата вест која клубот ја објави, се вели дека Елиф Елмас заедно со Џовани Ди Лоренцо и Марио Руи ги продолжиле договорите со Наполи до 2025 година.
Ова само ја потврди важноста на Елиф Елмас за Наполи и размислувањето на сегашмото раководство на Наполи за иднината на клубот во која го гледаат нашиот репрезентативец.