Роналд Куман денеска ќе потпише двегодишен договор со Барселона, а од Шпанија, веќе стигнуваат вести за сумата на трансферот која ја направи актуелниот холандски селектор.
Имено, познатата холандска легенда успеал да постигне договор со федерацијата и тој веќе нема обврска да ја води селекцијата на „лалињата“. За ова негово заминување, Барселона морала да плати обештетување, кое директор на каталонците, Оскар Грау, успеал да го договори на сума меѓу 4 и 5 милиони евра. Толку Барселона ја чини слободата на Куман.
Надоместокот ќе биде платен делумно од неговиот договор со Барса, а делумно Каталонците сами ќе ја обештетат Холандската федерација, која сега е во потрага по нов селектор.