Од екипата на Барселона и официјално го потврдија назначувањето на Роналд Куман за нов тренер на тимот од „Камп Ноу“.
На официјалната веб страна на клубот беше објавено дека Куман ќе го предводи првиот тим на Барселона до 30 јуни 2022 година.
Исто така од клубот најавуваат дека денес во 18 часот ќе биде официјалното преставување на тренерот Роналд Куман кое треба да се случи во просториите на клубот на „Камп Ноу“.
Куман досега беше селектор на репрезентацијата на Холандија, а поради прекинувањето на соработката Барселона ќе треба да исплати околу 5 милиони евра на фудбалската федерација на Холандија.

