Медиумите во Италија денеска објавија дека Рома може да го купи фудбалерот на Наполи, Аркадиуш Милик.
Според наведеното, „римската волчица“ за потписот на корпулентниот голгетер ќе мора плати 15 милиони евра и воедно да го испрати во Неапол, Џенгиз Ундер. Доколку Полјакот навистина пристигне во Рим, тогаш, Един Џеко, најверојатно ќе мора да си замине
Медиумите потенцираат дека за услугите на интернациоанлецот од БИХ биле заинтересирани луѓето од Интер.