Фудбалерите на Баерн Минхен доцна синоќа славеа против Лион со 3-0 и си обезбедија место во финалниот меч во Лигата на шампионите. Нивниот тренер, Ханс Флик, вели дека по лошиот почеток неговите играчи брзо ја корегирале играта.
„Лион делуваше силно на технички план и ни направи многу проблеми во почетокот на мечот. Видовме дека мора да се браниме подобро. Тие навистина имаат квалитетен состав“ – потенцираше Флик по што се насочи кон финалето со ПСЖ.
„ПСЖ има одличен тим. Треба да анализираме голем број на детали иако сите знаеме дека тие имаат многу брзи играчи во тимот “ -вели тренерот на Баварците кои ќе атакуваат на 6-та титула во Лигата на шампионите.