Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека неговите фудбалери ќе продолжат со максимални подготовките во тренинг-центарот во Австрија и дека ќе одиграат два контролни меча. Шампионот на Премиер-лигата в сабота го очекува дуел со германскиот состав Штутгарт додека во вторник ќе се сретне со австрискиот првак, РБ Салцбург.
Избраниците на Клоп потоа ќе се вратат во Англија бидејќи на 29 август ги очекува мечот со Арсенал во „Комјунити Шилд“. Германскиот стратег пред средбата со популарните „шваби“ со кои има конекции од минатото, вели дека е среќен што Штудгарт се врати во Бундес-лигата.
„ Тоа е многу, многу значајно за нив. Долго работев со нивниот спортски директор, да, имаме контакти и тоа е добро за двата тима” – потенцираше Клоп.