Португалскиот стратег на клупата на Тотенхем, Жозе Мурињо, планира да го врати Герет Бејл во англискиот фудбал, објавија дел од медиумите.
Велшанецот иако има многу проблеми во Реал Мадрид и главно ја грее клупата, упорно останува на ставот да го одработи договорот бидејќи има екстремно високи приходи. Сега постои опција „кралевите“ да го пуштат да си оди речиси без обештетување а Тотенхем кој би плати само скромна сума, другиот дел од парите да ги насочи за покривање на неговата плата.
Се претпоставува дека во целата ситуација главната улога ќе ја има Мурињо кој може да го убеди Бејл да се врати кај „спарси“ и да стане главна фигура во тимот.