Најважната личност во Барселона, Лионел Меси го прекина одморот за да се сретне лично со новиот тренер Роналд Куман, тврди шпанскиот весник „Спорт“.
Наследникот на Кике Сетиен се очекуваше да оствари он-лајн состанок со капитенот на тимот, но Лео одлучи дека е подобро да има состанок во четири очи со Холанѓанецот. Тоа е причината зошто напаѓачот се врати во главниот град на Каталонија, каде што Куман е веќе неколку дена.
Вчера, тренерот рече дека сака Меси да остане во својот тимот по секоја цена, затоа што тој е најдобриот на светот. Сепак, Меси е во последната година од неговиот договор и сè уште нема гаранција дека тој ќе го обнови.
На оваа средба се очекува Меси и Куман да разговараат за своите идни планови. Најверојатно, поранешниот дефанзивец ќе го запознае лидерот на тимот со неговите ставови за развојот на тимот. Сепак, уште поважно е она што ќе го каже Аргентинецот и дали нема да објави дека планира заминување од „Камп Ноу“.

