Тренерот на Севиља, Јулен Лопетеги изрази оптимизам пред финалето на Лигата на Европа против италијанскиот Интер.
Лопетеги го пофали противникот, но рече дека целта на неговиот тим е да се врати во Шпанија со трофејот.
„Интер има добро избалансиран тим. Тие можат да напаѓаат на различни начини и да бидат добри во одбраната, давајќи им на противниците минимум шанси за гол. Ние ќе му пристапиме на овој меч како и на секој друг. Излегуваме со респкет кон противникот, но целта ни е да ја освоиме Лигата на Европа. За да го постигнеме тоа, ние мора да бидеме смирени и да го наметнеме нашиот стил на игра“, рече Лопетеги.