35-годишниот бразилски дефанзивец во редовите на ПСЖ, Тиаго Силва, најави евентуално останување на „Паркот на принцовите“. Неговиот договор истекува овој месец, а се очекуваше тој да се врати во Милано, Италија или барем во Серија А. Во последните денови се зборуваше за интерес од Челзи.
Сепак, Тиаго Силва е подготвен да остане во ПСЖ доколку му биде понудено. Парижаните се подготвуваат за финалето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен во Лисабон и овој натпревар е приоритет за дефанзивецот во моментот.
„Ние ја држиме судбината во нашите раце. Клубот наполни 50 години во последната сезона од мојот договор и играме во финалето на Лигата на шампионите. Доколку ми понудат да останам и да играм, ќе разговараме за тоа”, рече Тиаго Силва.