Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Севиља и Интер вечерва во битка за трофејот во Лига Европа
    Фудбал

    Севиља и Интер вечерва во битка за трофејот во Лига Европа

    risteBy riste21/08/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Екипите на Севиља и Интер ќе се сретнат вечерва со почеток во 21.00 часот на стадионот „Рајн Енерџи“ во Келн во последниот дуел од сезоната во Лигата на Европа.

    Андалузијците ги прогласија за „Господар на Лига Европа“ откако пет пати ја освоија титулата, последен пат во 2016 година. Севиља го освои секое финале во кое учествуваше и ќе се обиде вечерва да ја задржи традицијата. Од своја страна, Интер има три трофеи од Купот на УЕФА, претходник на Лигата на Европа, но сите се од 90-тите години на минатиот век. Интересно е тоа што и покрај големата историја која ја имаат овие две екипи, сепак Севиља и Интер вечерва ќе се сретнат прв пат.

    Во полуфиналето шпанскиот тим имаше тежок меч и го елиминираше Манчестер Јунајтед, додека Интер ја покажа својата напаѓачка моќ против Шахтјор Донецк. За двајцата тренери – Јулен Лопетеги и Антонио Конте, освојувањето на Лига Европа ќе биде првиот меѓународен трофеј во нивните кариери. 25 милиони евра на победникот и влегување во главната фаза во Лигата на шампиони, каде и двата тима веќе обезбедија учество преку националните првенства.

    Двајцата тренери немаат за што да бидат изненадени во однос на играчкиот кадар и најверојатно ќе започнат со стартните 11 од полуфиналните дуели.

    Конте ќе смета од првата минута во нападот на напаѓачкото дуо Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез, кои имаат вкупно 54 гола оваа сезона. Сепак, тие ќе се соочат со мароканскиот голман Јасин Буну, кој ги остави во очај напаѓачите на Манчестер Јунајтед со неговите исклучителни одбрани во полуфиналето.

    Можни состави:
    Севиља: Буну, Навас, Кунде, Карлос, Регилон, Банега, Фернандо, Џордан, Сусо, Ен-Несири и Окампос.

    Интер: Хандановиќ, Бастони, Де Фрај, Годин, Јанг, Гаљардини, Брозовиќ, Барела, Д’Амбросио, Мартинез и Лукаку.

    Натпреварот меѓу Севиља и Интер кој ќе се игра во Кел ќе го суди дани Меккели од Холандија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.