Барселона сака да потпише долгорочен договор со играчот од средниот ред на Ајакс, Дони ван де Бек, објавија одредени медиуми во Шпанија.
Според истиот извор, каталонскиот клуб му нуди на фудбалерот шестгодишен договор. Исто така, се напоменува дека Реал Мадрид имал опција да го купи Дени ван де Бек, но дека рокот истекол на 30 јуни.
Роналд Куман кој го замени Кике Сетиен на тренерската позиција во Барселона прави планови за освежување на екипата.
Ван де Бек (23) потекнува од школата на Ајакс. Минатата сезона играчот од средниот ред учествуваше на 23 натпревари од првенството во Холандија (22 – во првиот тим), во кои постигна осум гола, даде шест асистенции, а исто така доби и три жолти картони. Договорот на играчот со клубот важи до летото 2022 година.