Фудбалерот на Тотенхем, Хари Кејн, откако се вратил од одмор од Бахамите ќе мора да оди во изолација во период од 14 денови.
Играчот на „спарси“ не знаел дека карипската земја била ставена на црната листа во Велика Британија затоа што во изминатиот период се зголемил бројот на позитивни на ковид-19.
Најдобриот голгетер на Англија најверојатно ќе биде повикан и во селекцијата за претстојните мечеви во Лигата на Нации на 5 и 8 септември.