Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Алекс Окслејд-Чемберлен, кој заработи повреда на коленото за време на тренингот во кампот во Австрија, ќе го пропушти натпреварот со Арсенал на 29 август во рамките на „Комјунити шилд“.
„Повредата изгледа слична на таа што ја имаше Хендерсон на крајот на сезоната“ – изјавил кратко менаџерот, Јирген Клоп.
Англичаните утре во Австрија ги очекува пријателски меч со германскиот Штудгарт а потоа во вторник и контролен дуел со австрискиот шампион РБ Салцбург.

