Играчот од средниот ред на Севиља Евер Банега се раздели со клубот на најдобар начин – со трофеј освоен по победата над Интер со 3:2 во финалето на Лигата на Европа.
„Кога намалив соинтензитетот на тренинзи, тренерот Јулен Лопетеги практично ми покажа дека ништо не се постигнува без напорна работа. Благодарение на него, ги наполнив батериите. Сега ќе славиме, овој трофеј е за целиот град. Го напуштам клубот на мојот живот, но јас сум среќен. Им благодарам на моите колеги што заедно успеавме да го оствариме овој сон“, изјави Банега.
Напаѓачот на Севиља Мунир Ел-Хадади го прослави успехот на интересен начин. Мунир, кој влезе како резерва во 71. минута, пресече дел од мрежата на голот на стадионот во Келн како сувенир на овој незаборавен натпревар.