Францускиот фудбалски репрезентативец во редовите на ПСЖ, Килијан Мбапе, потенцира дека е крајно оптимистички расположен пред денешниот финален меч во Лигата на шампионите против Баерн Минхен.
„Освојувањето на Лигата на шампионите беше причината зошто му се приклучив на клубот. Секогаш велев дека сакам да испишам историја во францускиот фудбал“ – вели брзоногиот голгетер кој ќе дејствува во тандем со Нејмар.
„Ќе биде голема награда за екипата ако го освоиме натпреварувањето. Не чека значаен меч“ – потенцира напаѓачот на ПСЖ.